Промената се однесува на ценовно најприфатливите модели на марката – Model Y и Model 3

Американскиот производител Tesla повторно ја зголеми цената на своите модели. Овој пат зголемувањето е 500 американски долари, а со зголемувањето се зафатени двата ценовно најприфатливи електрични автомобили на марката – Model Y и Model 3.

Веб-страницата на компанијата извести дека Tesla Model 3 Standard Range Plus во моментов чини 40.600 долари. Верзијата Model 3 Model 3 Long Range AWD сега чини 49.600 долари, додека цената на топ верзијата Model 3 Perfomance не е променета – 58.100 долари.

Tesla ја зголемува и цената на Model Y Long Range AWD, кој сега се продава за минимум 52.690 долари. Кај Model Y Perfomance, цената е непроменета и чини 62.190 долари. Овој модел не е достапен во основна верзија.

Ова е второ поскапување за некои модели на Tesla во последните месеци. Претходното се случи на крајот на март, кога дилерите започнаа со продажба на поскапите Tesla Model 3 Long Range AWD и Tesla Model 3 Standard Range Plus. Цената на Model Y Long Range AWD исто така порасна за 500 долари.