Во последните 55 години, германскиот премиум гигант Porsche направил дури 24 верзии на легендарната 911-ка, па затоа во компанијата решиле да направат видео за да го олеснат препознавањето

Во краткиот „филм“ Porsche ја дефинира секоја верзија на овој модел, нагласувајќи ги јасните разлики помеѓу верзиите и пакетите на опрема.

На пример, 911 Carrera е основниот модел, Carrera S е помоќна верзија со погон на четири тркала, Carrera GTS е најмоќната „секојдневна“ 911-ка, додека кабриолетот е познат под името Targa.

Со оглед дека Porsche моментално ја тестира последната генерација на 911 под ознака 992, ова видео е повеќе од практично „упатство за користење“ за овој легендарниот автомобил.