Маките на американскиот производител на електрични автомобили Tesla продолжуваат – од понеделникот акциите на компанијата загубија нови 8% од вредноста. Минатата седмица акциите имаа пад од 12 отсто односно 21 отсто во месец март

За оние што можеби не знаат, минатата недела Tesla го призна најголемиот пропуст во историјата на производство на автомобили – кај 123.000 изведби од седанот Model S, најдени се рѓосани завртки на хидрауличниот засилувач на управувачот. Во меѓувреме Националната комисија за безбедност во транспортот на САД (NTSB) започна истрага за несреќата во Калифорнија во месец јануари во која учествуваше автомобил на компанијата. Тогаш Tesla Model S, со вклучен режим на автоматско управување се удри во паркиран автомобил на противпожарната служба во градот Калверт Сити. Големо влијание на цената на акциите има и намалувањето на кредитниот рејтинг на Tesla од страна на агенцијата Moody’s до ниво B3 со негативна перспектива.

 

 

Илон Маск сепак како да не е загрижен за случувањата, па на денот на шегата на Twitter објави шегобиен статус во кој тврди дека Tesla банкротирала и поради тоа не му останува ништо друго, освен да почне да пие. Друго прашање колку сето ова им е смешно на инвеститорите и купувачите…