Тешки времиња за автомобилската индустрија: Недостатокот на чипови ќе предизвика штета од десетици милијарди евра!
За време на корона криза, големите производители на чипови се префрлија на полупроводници за потрошувачка електроника за да се задоволи големата побарувачка
Кризата со чиповите за автомобилската индустрија продолжува. Објавени се и првите сериозни прогнози, кои не се добри. Поради недостаток на чипови во 2021 година, падот на производството ќе биде околу 3,9 милиони автомобили, барем според проценките на консултантската компанија Alix Partners. Тоа одговара на вредноста на непроизведени возила од околу 91 милијарда евра. Воедно, како споредба, минатата година беа произведени околу 78 милиони возила на глобално ниво.
Неможноста да се набават чипови ја оптеретува автомобилската индустрија со месеци. За време на корона кризата, големите производители на чипови се префрлија на полупроводници за потрошувачка електроника за да се задоволи големата побарувачка. Кризата ќе продолжи уште некое време, бидејќи се работи на зголемување на производствениот капацитет, а решенијата не се можни преку ноќ.