Технологија на Apple го блокира отклучувањето на автомобили
Уреди како Pencil 2 може да предизвикаат и други проблеми на сопствениците
Некои од новите и модерни уреди што ги користат луѓето можат да ги блокираат системите во денешните модерни автомобили. Ова е објавено од страна на американското издание The Drive, наведувајќи го примерот со електронскиот молив на Apple, наречен Pencil 2 кој ги блокира клучевите на некои автомобили.
На сличен проблем се пожалиле десетици сопственици на електронски моливи, што е периферен уред за iPad Pro. Се користи од уметници и други луѓе за брзо да скицираат идеи кои им дошле во главата. Посебна карактеристика на Pencil 2 во споредба со претходниот модел е тоа што има индуктивен (безжичен) полнач.
За време на процесот на полнење, Apple Pencil 2 генерира фреквенции кои влијаат на работата на клучот за автомобил. Проблемот не е многу сериозен, но сеуште е многу иритирачки, бидејќи за да се отвори автомобилот и Pad Pro треба да боде отстране.
„Според се, за разлика од другите софтверски грешки во уредите на Apple, оваа може да се отстрани бидејќи не е поврзана со софтверот. За време на работата на возилото, моливчето нема ефект, бидејќи генерира фреквенции во различен опсег“.