Кога полицијата вперила ласерски пиштол кон спортскиот Nissan, го снимила како вози со 159 km/h на место каде што било дозволено 50 km/h

Властите во Холандија заплениле еден Nissan GT-R откако бил фатен како вози со 159 km/h во срцето на Ротердам. Инцидентот се случил кон крајот на минатата недела, а според објавите на локалните медиуми полицијата во Ротердам видела GT-R како се трка по улиците во друштво на неидентификуван модел на BMW.

Кога полицијата вперила ласерски пиштол кон спортскиот Nissan, го снимила како вози со 159 km/h на место каде што било дозволено 50 km/h. Кога била земена во предвид и можната +/- грешка на ласерот, било утврдено дека возачот на овој Nissan GT-R ја надминал дозволената брзина за 103 km/h.

Но тоа што го фатиле при брзо возење не била единствената несреќна околност со која требало да се соочи возачот на овој GT-R. Autoblog.nl известува дека спортскиот автомобил бил со германски регистерски таблички кои истекле на 21 септември 2021 година.

Поради тоа, не само што бил одземен црниот GT-R, туку возачот, по потекло Французин, морал да ја предаде и својата возачка дозвола на властите.

Настанот е документиран и на инстаграм профилот на холандската полиција со фотографија од црниот GT-R. Во описот стои дека неговата иднина ќе ја одреди државниот правобранител и дека се чини сосема веројатно извесно време да остане надвор од патиштата. 

Се подразбира дека возењето низ град со повеќе од три пати поголема брзина е многу опасна работа. Доколку нешто тргнело наопаку, овој GT-R и неговиот возач лесн можеле да предизвикаат или да бидат дел од многу сериозна несреќа.