26-годишната асистентка на член на Државната дума на Руската Федерација вози автомобил од 16.000.000 рубли (203.440 евра), пишува каналот Yandex Autostars

Софија Никитчук е позната руска манекенка, поранешна „Мис Русија 2015“ и второпласирана на „Мис свет 2015“, а во моментов развива свој ланец на бутици за облека и козметика.

Руската убавица е родена во многу обично семејство од мал град во регионот Челабинск. Нејзиниот татко е војник, а нејзината мајка е доктор. Од детството се занимава со гимнастика и танцување, а исто така тренира и одбојка.

 

Никитчук станала модел додека студирала на универзитет. Во 2014 година победила на натпреварот за Мис Екатеринбург, а една година подоцна, како што наведовме погоре, ја освоила титулата „Мис Русија“ и второто место на „Мис Свет“.

Сепак, Софија вниманието кон себе најмногу го свртела откако била назначена за асистент на пратеникот од „Обединета Русија“, Сергеј Кривоносов. Повеќето Руси биле толку лути што државни работи се доделени на девојка без идеја за таква работа. Реакцијата била толку остра што Кривоносов бил принуден да се откаже од услугите на Никитчук.

И покрај својата возраст, Софија веќе поседува светло жолт Lamborghini Urus од 650 КС. Основната цена на кросоверот во Русија е 16 милиони рубли, но во зависност од додатоците може лесно да надмине 21 милиони (267.210 €). Убавицата очигледно ужива во својот автомобил и редовно објавува селфи зад воланот на социјалната мрежа Instagram.