Светска премиера за Porsche 718 T Boxster и Cayman / ВИДЕО
Porsche ги претстави новите верзии на Boxster и Cayman, кои ќе заземат позиција помеѓу стандардната 718-ка и S варијантата на овие два автомобили
И двата нови модели, 718 Boxster T и 718 Cayman T, се опремени со познатиот 4-цилиндерски 2.0 турбо-бензинец кој испорачува 300 КС (220 kW) и 380 Nm вртежен момент.
Моторот може да биде спарен со 6-брзински мануелен или опционален автоматски PDK пренос, а максималната брзина на двата автомобила е 275 km/h.
И додека моторот е земен од основната верзија на Porsche 718 Boxster / Cayman, системот за суспензија е надграден.
Двата нови модели се опремени со технологијата Porsche Active Suspension Management која овозможува суспензијата да се спушти за 20 mm.
Покрај тоа, Porsche 718 T Boxster и Cayman има можност за заклучување на задниот диференцијал и Torque Vectoring системот кој се грижи за оптимален вртежен момент електронски дистрибуиран до секое од погонските тркала, во зависност од тековните потреби за време на возењето.
Стилските разлики во споредба со стандардните Porsche 718 и Cayman се минимални и вклучуваат специфични 20-инчни алу фелни во титаниум сива нијанса, црн спортски издув и ознаките 718 Boxster T и 718 Cayman T на надворешноста од возилото.
Во внатрешноста, има разлика и во спортскиот волан и црните спортски седишта со ознака за моделот во потпирачите за глава.
Слично како и кај Porsche 911 T, од кокпитот е исфрлен мултимедијалниот систем за да се олесни возилото, но производителот ќе го инсталира бесплатно ако клиентот тоа го побара.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1QmEzkZQ-KmQmV33PHq-G2BVbcAyZgpYv” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
И двата нови модели веќе се достапни за нарачка по цена од 63.047 евра во Германија за 718 Cayman T и 65.070 евра за 718 Boxster T.