По обемната промотивна кампања, Volvo и официјално го претстави елегантниот седан S60. Премиера се одржа во производствениот комплекс на компанијата во Јужна Каролина, САД

Како што се очекуваше, седан се потпира на истиот дизајнерски јазик, кој веќе е виден со неодамна претставената караванска верзија, со која јавноста имаше можност да се сретне на автомобилскиот саем во Женева.

Во споредба со семејната лимузина од сегментот погоре, односно S90, помалиот седан има поостри линии, со светла напред позиционирани поблиску до маската на ладилникот. Долниот дифузер е поставен под поостар агол.

Volvo S60 се наоѓа на познатата SPA платформа на компанијата (Scalable Product Architecture), исто како и V60, па затоа не е изненадување што делат неколку идентични мотори. Како што е познато, S60 нема да може да се нарача со дизел мотор, но тука се турбо бензинските и plug-in хибридна варијанта. Верзијата со T6 погонски систем, со моќ од 235 kW, има погон на сите тркала, додека основниот Т4 модел располага со 190 КС, кој, како и помоќниот T5 (186 kW), ја користи предната оска како погон.

Најмоќната верзија T8 Twin Engine на возачот му дава пристап до 298 kW, што е доволно за спринт до „стотка“ за само 4,7 секунди. За оваа верзија, во понуда ќе биде вклучена и спортска линија со ознаките на Polestar Engineered. Во додатоците се вклучени поголеми тркала, сопирачки дискови, ревидирана суспензија, контрола на работењето на агрегатот и малку повеќе моќ (309 kW).

Што се однесува до внатрешноста, како што се очекуваше, истата е потполно преземена од караванската верзија V60.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”17WSrn52VclQc8f7c2nnQEhlZHXoBOePj” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Почетната цена за американскиот пазар со турбо бензинец ќе биде околу 35.700 долари, меѓутоа, во зависност од опремата може да достигне до 64.000 долари.

Volvo, сепак, сеуште не ја објавил цената на специјалната верзија од S60, T8 Polestar Engeneered, која сигурно ќе биде уште поскапа.

Производството започнува нешто подоцна оваа година, а испораките за европскиот пазар почнуваат со почетокот на 2019 година.