Супербрзиот Hyperloop за првпат тестиран со луѓе во него / ВИДЕО
По повеќегодишен развој и тестирање, системот за транспорт HyperLoop за прв пат на одредена делница превезе луѓе
Честа да бидат први патници на Virgin Hyperloop добиле Џош Гигел, раководител на одделот за технолошки развој на компанијата и Сара Лучијан, директор на одделот што се занимава со патничко искуство. Храброто дуо се возело во тест капсулата XP-2 која се користи за тестирање пред пуштање во комерцијална употреба.
Тестот е спроведен во цевка долга 500 метри DevlLoop на тестниот полигон во Лас Вегас. И покрај кратката делница, капсулата успеала да достигне брзина од 172 km/h.
Плановите за комерцијална употреба се далеку поимпресивни. Капсулите ќе бидат значително поголеми и ќе можат да соберат до 28 патници. Се очекува да достигнуваат брзина до 1.000 km/h, па патувањето од Лос Анџелес до Сан Франциско ќе трае само 45 минути.
Потсетување дека технологијата беше презентирана во 2012 година од Илон Маск и Tesla, а Virgin Hyperloop планира да изгради мрежа на тунели за поврзување на најголемите градови во светот.
Пред тоа, ќе се обиде да собере околу половина милијарда долари за изградба на полигон во должина од околу 10 км, што би овозможило почеток на комерцијализација на технологијата до 2026 година.