Јапонското Министерство за животна средина покажа уникатен суперавтомобил направен од целулоза и земјоделски отпад 

Иако е релативно лесен, дизајнерите тврдат дека е многу силен и издржлив.

Наречен „Нано целулозно возило“ (NCV), овој „дрвен ѕвер“ привлекол големо внимание на авто-саемот во Токио. Дизајнерите посочуваат дека каросеријата, од покривот, преку вратите, до хаубата, е направена од целулозни нановлакна.

„Материјалот е целосно „јаглеродно неутрален“ (неговото производство не бара потрошувачка на фосилни горива ниту пак придонесува за загадување на животната средина), па затоа е многу подобар за животната средина“, вели Тошио Кон, менаџер на групата за конверзија на возила во јапонското Министерство.

Луѓето кои стојат зад ова необично возило наведуваат дека „наноцелулозното влакно“ е пет пати помоќно од челикот, а тежи само една петтина. Нема информации за перформансите на употребената погонска единица.

Loading...