Американската компанија Zutobi, специјализирана за едукација за безбедност на патиштата и обука на возачи, спровела нова студија за најбезбедните и најопасни земји за возење во светот.

Листата вклучува 53 земји ширум светот, а во анализата се земени индикатори како ограничување на брзината на автопат, употреба на безбедносен ремен, ограничувања за алкохол во крвта и стапка на смртност во сообраќајот. Врз основа на овие индекси е направена листа на десет најопасни и десет најбезбедни земји во светот за возење.

10 најопасни земји во светот за возење

Најопасна земја за возење е Јужна Африка, која има многу низок безбедносен индекс, само 3,41 поени од 10. Се проценува дека во оваа земја има 22,2 смртни случаи во сообраќајот на 100.000 жители, а само 31 отсто од патниците на предните седишта врзуваат безбедносен ремен.

Втора земја на листата на најопасни е Тајланд со само 4,35 поени. Тоа е затоа што има една од најниските стапки на користење на безбедносните ремени, но и фактот дека мотоциклите се главното транспортно средство кое се користи во земјата.

Додека Јужна Африка и Тајланд се сеуште земји во развој, интересно, третото место на листата го зазема сила во секој поглед, САД, со индекс 5,03 од 10. Причината за ова се сообраќајните жртви предизвикани поради консумирање на алкохол над дозволените граници.

Според Zutobi не се прославила ниту Аргентина која се наоѓа на четвртото место на неславната листа, а уште еден впечатлив податок што го покажува студијата е многу голем пораст на стапката на смртност од сообраќајни несреќи во Индија, од 15,6 на 22,6 отсто на 100.000 жители. Тоа е зголемување за повеќе од 50 проценти.

Интересно, шестата и седмата најопасна земја за возење се земји од нашето блиско соседство, Хрватска и Босна и Херцеговина и двете со индекс 5,63/10. На последните три места се Малезија, Перу и Боливија. Македонија ја нема на оваа листа.

  • Јужна Африка: 3,41 / 10
  • Тајланд: 4,35 / 10
  • САД: 5.03 / 10
  • Аргентина: 5.06 / 10
  • Индија: 5,48 / 10
  • Хрватска: 5,62 / 10
  • Босна: 5,62 / 10
  • Малезија: 5,63 / 10
  • Перу: 5,74 / 10
  • Боливија: 5,74 / 10

10 најбезбедни земји во светот за возење

Водечката земја по безбедност не изненадува – тоа е Норвешка, со оценка 8,20 од 10. Оваа нордиска земја има многу ниска стапка на смртност во сообраќајот, а користењето ремен е широко распространето, што ги објаснува добрите резултати.

Втора најбезбедна земја за возење е Исланд со 8,05 поени. Интересно е што во оваа земја ограничувањето на брзината е поставено на 90 km/h, што е очигледно пониско од просекот на земјите во класификацијата, кој е 120 km/h. Сепак, пред да помислите дека помалото ограничување на брзината е одлучувачко за помалку сообраќајни несреќи, имајте на ум дека Боливија, земјата со најниска граница (80 km/h) е исто така една од десетте најопасни земји.

На третото место меѓу најбезбедните е Естонија, 7,90/10, благодарение на една од највисоките стапки на употреба на безбедносни ремени (97,3 проценти), додека границата на концентрација на алкохол во крвта кај возачите е една од најниските: 0,02 проценти.

По нив следат Јапонија и Молдавија со оценки 7,88 и 7,73, што значи дека четири од петте најбезбедни земји во светот се на Стариот континент или осум од десет …

  • Норвешка: 8.20 / 10
  • Исланд: 8,05 / 10
  • Естонија: 7,90 / 10
  • Јапонија: 7,88 / 10
  • Молдавија: 7,73 / 10
  • Унгарија 7,68 / 10
  • Израел 7,59 / 10
  • Шведска 7,52 / 10
  • Чешка 7,32 / 10
  • Швајцарија 7.20 / 10

Повеќе информации на следниот линк.