Стотици милиони евра. Шпанската полиција купува 5.882 електрични автомобили!
Шпанската влада подготвува огромна инвестиција и ќе инвестира 396 милиони евра за купување на 5.882 електрични автомобили.
Овие возила ќе бидат распоредени во две полициски единици, Цивилната гарда и Националната полиција, а новите автомобили ќе ги добијат до 2023 година. За проектот се задолжени МВР и Министерството за еколошка транзиција и демографски предизвик на Шпанија.
Ќе бидат поставени и 3.336 полначници заедно покрај 1.292 објекти на Цивилната гарда за покривање на новите возила. Плановите ги презентираше министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка и министерката за еколошка транзиција и демографски предизвик Тереза Рибера, придружувани од генералниот директор на Цивилната гарда, Марија Гамез.
Овој потег е само показател за тоа што можеме да очекуваме од другите полициски единици во Европа. Словенечката полиција неодамна набави хибридни Toyota Corolla автомобили, а се повеќе полициски единици експериментираат со електрични возила.