Како по правило, тешките автомобили се теренци и некои лимузини од високата класа. Овој тип на автомобили веќе некое време е на удар во Европа

Ризикот од смрт кај велосипедистите и пешаците е за 50 отсто поголем ако нив ги  удри возило тешко 1.800 килограми наместо возило тешко 1.200 килограми. Ова е заклучокот од новата студија на белгискиот институт Виас. За првпат податоците за несреќи се споени со базата на податоци за регистрирани возила. Целта била да се идентификуваат карактеристиките на возилото кои го зголемуваат влијанието на несреќите со пешаците и велосипедистите и оние кои возат електрични скутери и мотоцикли. Студијата ги анализирала сите несреќи во Белгија помеѓу 2017 и 2020 година.

„Од една страна возилата стануваат побезбедни бидејќи се опремени со активни и пасивни безбедносни системи. Од друга страна, на оваа позитивна еволуција делумно се спротивставува зголемувањето на масата. Подобрата заштита на ранливите учесници во сообраќајот е затоа еден од големите предизвици во наредните години“, велат од Виас.

Како по правило, тешките автомобили се теренци и некои лимузини од високата класа. Овој тип на автомобили веќе некое време е на удар во Европа. Според градоначалникот на Берлин, на таквите автомобили слични на тенкови не им е место во градовите.