Од малите возила треба да се пофалат Honda Jazz и Mazda 2, како и Suzuki Vitara

Германската експертска организација TÜV SÜD со децении го објавува својот извештај од техничките преглед, во кој ги наведува најквалитетните возила со најмалку дефекти, но и оние со најмногу дефекти. Пандемијата на коронавирус и инфлацијата го зедоа својот данок па и возниот парк во Германија исто така старее. TÜV во периодот од јули 2021 до јуни 2022 година прегледал вкупно 9.583.319 возила. Во сите возрасни групи (односно и стари над единаесет години) 20,2 отсто од автомобилите имале значителни дефекти (систем на управување, сопирање, мотор…), што е за 2,3 процентни поени повеќе споредено со истиот период година дена наназад. Покрај возилата кои се во просек постари, експертите на TÜV SÜD гледаат и на ограничените буџети на домаќинствата како причина за пониски трошоци за одржување и, како резултат на тоа, повеќе дефекти. Севкупниот победник во извештајот на TÜV за 2023 година е Mercedes B-Class, додека Dacia Logan е на опашката од листата.

За прв пат просечната возраст на возилата во Германија е над десет години. Очигледно е дека постарите возила стануваат се поважни за безбедноста на патиштата, а тоа го покажува и зголемената стапка на дефекти. Експертите на TÜV SÜD затоа тестираат возила стари до единаесет години. Во однос на квалитетот, овојпат Mercedes B-Class го зазема првото место со просечна стапка на значајни дефекти од само 2,0 проценти. На второ место е GLC (2,3 отсто). На ова ниво е и VW Golf Sportsvan/Plus. Audi Q3 е четврти со 2,4 отсто дефекти. На опашката од табелата повторно е Dacia Logan. Од малите возила треба да се пофалат Honda Jazz и Mazda 2, како и Suzuki Vitara.

По единаесет години старост, ниту еден од моделите на Mercedes-Benz, BMW и Audi не е на првите позиции, што веројатно се должи на нивната употреба како службени автомобили со голема километража. Просечната Е-класа има просечни 176.000 километри. Доколку купувате користен автомобил во Германија, вакви информации може да ви послужат и како водич.

ВОЗИЛА СО НАЈМАЛКУ ДЕФЕКТИ

ДО 3 ГОД. СТАРОСТ ДО 5 ГОД. СТАРОСТ
Модел процент на
дефекти
Модел процент на
дефекти
1. Mercedes Benz B-класа 2,0 % 1. Porsche 911 2,7 %
2. Mercedes Benz GLC 2,3 % 2. Mercedes Benz SLC 4,1 %
2. VW Golf Sportsvan 2,3 % 3. Audi Q2 4,5 %
4. Audi Q3 2,4 % 4. Mazda CX-3 4,6 %
5. Audi Q2 2,6 % 4. VW Golf Sportsvan 4,6 %
5. Porsche Cayenne 2,6 % 6. Mercedes Benz B-класа 4,7 %
5. VW T-Roc 2,6 % 7. Mazda 2 5,3 %
8. Honda Jazz 2,7 % 8. Audi Q5 5,4 %
9. Mercedes Benz A-класа 2,8 % 9. Audi Q3 5,5 %
10. Hyundai ix20 3,0 % 9. Honda Jazz 5,5 %
10. Suzuki Vitara 3,0 % 11. Mercedes Benz A-класа 5,6 %
10. Volvo V40 3,0 % 11. Toyota C-HR 5,6 %
ДО 7 ГОД. СТАРОСТ ДО 9 ГОД. СТАРОСТ
Модел процент на
дефекти
Модел процент на
дефекти
1. Porsche 911 3,5 % 1. Porsche 911 4,6 %
2. Suzuki Vitara 7,2 % 2. Audi TT 9,4 %
3. VW Golf Sportsvan 7,3 % 3. Mercedes Benz SLK 10,3 %
4. Mercedes Benz B-класа 7,8 % 4. Mercedes Benz B-класа 11,0 %
5. Porsche Cayenne 7,9 % 5. Porsche Cayenne 11,1 %
6. Audi TT 8,3 % 6. Mercedes Benz A-класа 11,7 %
7. Mazda 2 8,5 % 7. Mini Countryman 12,3 %
8. Suzuki SX4 8,8 % 7. Mitsubishi ASX 12,3 %
9. Mercedes Benz A-класа 9,0 % 9. VW Golf Plus 12,4 %
10. Hyundai i20 9,1 % 10. VW Touareg 12,7 %
10. Opel Karl 9,1 %
ДО 11 ГОД. СТАРОСТ
Модел процент на дефекти
1. Porsche 911 6,6 %
2. Audi TT 11,6 %
3. Mercedes Benz SLK 12,2 %
4. Mini Countryman 13,9 %
5. Mercedes Benz B-класа 14,2 %
6. Porsche Cayenne 14,8 %
7. Mitsubishi ASX 16,1 %
8. VW Touareg 16,5 %
9. BMW X1 16,7 %
10. Honda Jazz 17,2 %

ВОЗИЛА СО НАЈМНОГУ ДЕФЕКТИ

ДО 3 ГОД. СТАРОСТ ДО 5 ГОД. СТАРОСТ
Модел процент на
дефекти
Модел процент на
дефекти
130. Dacia Logan 11,6 % 125. Dacia Duster 18,0 %
129. Dacia Dokker 10,8 % 124. VW Sharan 17,1 %
127. VW Sharan 9,4 % 123. BMW serije 2 Active Tourer 16,7 %
127. Citroen C3 Aircross 9,4 % 122. Seat Alhambra 16,6 %
126. BMW X5/X6 8,8 % 121. Dacia Dokker 16,1 %
125. Dacia Duster 8,7 % 120. BMW X5/X6 15,9 %
124. Dacia Sandero 8,5 % 119. Fiat Punto 15,6 %
122. Seat Alhambra 8,2 % 118. Dacia Logan 15,1 %
122. Opel Crossland 8,2 % 117. BMW X1 14,8 %
121. Ford Galaxy 8,1 % 116. Fiat Tipo 14,6 %

 

ДО 7 ГОД. СТАРОСТ ДО 9 ГОД. СТАРОСТ
Модел процент на
дефекти
Модел процент на
дефекти
117. Dacia Duster 24,4 % 112. Dacia Logan 32,9 %
117. Dacia Dokker 24,4 % 111. Fiat Punto 31,1 %
116. BMW 5er/6er 23,8 % 110. Dacia Duster 28,4 %
115. Dacia Logan 23,5 % 109. Ford Mondeo 28,0 %
114. Fiat Punto 22,5 % 108. Renault Twingo 27,2 %
113. Dacia Sandero 21,6 % 107. Nissan Juke 27,1 %
112. BMW X5/X6 19,7 % 106. Renault Megane 26,7 %
111. Ford Ka 19,6 % 105. Ford Galaxy 26,6 %
109. Renault Megane 19,5 % 103. Nissan Micra 26,2 %
109. BMW 2er Active Tourer 19,5 % 103. Ford Ka 26,2 %
ДО 11 ГОД. СТАРОСТ
Модел процент на дефекти
97. Renault Clio 36,4 %
96. Renault Twingo 35,9 %
95. Dacia Logan 35,6 %
94. Dacia Sandero 35,0 %
92. Nissan Juke 33,8 %
92. Fiat Panda 33,8 %
91. Fiat Punto 33,5 %
90. Renault Megane 32,9 %
89. Nissan Qashqai 32,5 %
88. Peugeot 207 31,6 %