Минатата есен, SSC го изненади целиот автомобилски свет објавувајќи дека наводно нивниот модел Tuatara достигнал брзина од 533 km/h. Сепак, се покажа дека станува збор за измама, што официјално го потврди американскиот производител

Во неодамнешната објава на Instagram, Shelby SuperCars (SSC) го потврди она што многумина го претпоставуваа, а тоа е дека хиперавтомобилот Tuatara не достигнал 331 милја на час. Всушност, компанијата допрва треба официјално да ја пробие бариерата од 300 m/h (483 km/h).

„Ги гледавме вашите прашања со месеци и ја разбираме вашата фрустрација“, напиша SSC. „Ако досега не е разјаснето, би сакале официјално да потврдиме дека во октомври 2020 година не достигнавме брзина од 331 милји на час, па дури ни 301 милји на час“.

Компанијата додаде дека нејзините членови биле „искрено биле скршени“ кога дознале дека не ја постигнале целта. Сепак, во тек се обиди да се пробие бариерата од 300 милји на час, официјално и без никакво сомневање. Објавата заврши со благодарност до „оние кои ја поддржаа целата приказна и го разбраа нашиот неочекуван инцидент во април, кој ги одложи плановите за соборување на брзинскиот рекорд“.

Според извештајот од минатиот октомври, британскиот возач на трки, Оливер Веб, постигнал брзина од 301,01 m/h (485 km/h) во првиот обид, и дури 331,15 m/h (533 km/h) во вториот обид.

„Знам дека можевме да одиме побрзо, бидејќи како што се приближував кон 331 m/h, Tuatara забрза за скоро 20 m/h во последните пет секунди“, наводно изјавил Веб.

Сепак, во чудна низа на настани, официјалниот рекордер, кој има достигнато 282,9 m/h (455 km/h) во јануари, беше оштетен на почетокот на оваа година, кога камионот што го носел доживеал силен страничен ветер во близина на Солт Лејк Сити. Камионот се превртел, што довело до сериозно оштетување на хиперавтомобилот.