Србија ги заострува правилата за влез во земјата
Србија ги заострува правилата за влез во земјата
По завршувањето на вчерашната седница, членката на ова тело и министерка за труд и социјална работа, Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ, најави дека на државјаните на Србија, кои ќе пристигнат на граница без
негативен тест не постар од 48 часа, ќе им биде дозволен влез поради уставните права, но со задолжителен карантин од десет дена, кој може да биде покус ако во меѓувреме личноста се тестира, а резултатот е негативен.
За сите странски државјани, задолжителен ПЦР-тест при влегување во Србија ќе биде неопходен од 20 декември, најверојатно до 10 јануари 2021 година, што, како што објасни Кисиќ-Тепавчевиќ, ќе зависи од епидемиолошките индикатори и ефектите од мерките.
Преостанатите мерки за сузбивање на епидемијата ќе останат во сила до петок, 18 декември, кога српскиот кризен штаб повторно ќе се состане и ќе донесе одлука за можна корекција на мерките, рече Кисиќ-Тепавчевиќ.
Таа ја посочи оценката на кризниот штаб дека досега преземените мерки – особено забраната за работа на сите угостителски и услужни објекти и трговски центри по 17 часот, довеле до пад на бројот на нови случаи.
Извор: Макфакс