Специјално издание на Porsche 911 Targa 4S / ФОТО+ВИДЕО
Неодамна претставеното Porsche 911 Targa го доби своето прво специјално издание
Станува збор за 911 Targa 4S Heritage Design Edition, автомобил дизајниран да ги евоцира 1950-тите и 1960-тите години од минатиот век со својот класичен дизајн и најнова технологија.
На понудените фотографии е Porsche 911 Targa 4S Heritage Design Edition во темна боја (достапни се неколку бои) со златни ознаки, а тука се и сопирачкиот систем во црна боја, ретро белите акценти и специјалната Porsche Heritage ознака.
Се издвојува и логото 1963 Porsche на преднata хауба, воланот, потпирачите за глава и клучот, како и на Carrera Exclusive Design тркалата од 20 и 21 инчи.
Внатрешноста може да биде решена во Bordeaux Red/Atacama Beige кожа или во Black/Atacama Beige комбинација.
Кога станува збор за моторизацијата, ова Porsche се придвижува со 3,0-литарски twin-tuebo 6цилиндeрски мотор и може да произведе 450 КС и 530 Nm максимален вртежен момент. Моќноста се пренесува со автоматски менувач, а од 0 до 100 km/h се стигнува за 3,6 секунди. максималната брзина е 304 km/h.
Моделот ќе биде произведен во ограничена серија од 992 примероци (поради интерната ознака 992 од сегашната генерација на 911), а продажбата започнува во есен по цена од 153.430 евра.