Специјални камери ќе откриваат љубители на „гласно возење“
Камери чувствителни на звук ќе се користат за откривање на возилата кои ги пробиваат законските граници поврзани со децибелажата
Британските власти планираат да се вклучат во борбата против „гласните“ возила, со помош на камери способни за мерење на нивото на бучава и читање на регистарската табличка.
Според Одделот за сообраќај (DfT), камерите прво ќе бидат тестирани на неколку локации во текот на следните седум месеци, со цел откривање на возила кои ги пробиваат законските ограничувања поврзани со бучавата. Камерите се опремени со ANPR систем за автоматско препознавање на регистерските таблички. Целта е од сообраќајот да се исфрлат возилата со модифицирани и нерегуларни издувни системи.
Одделот за сообраќај (DfT) нагласува дека мерките не се направени против „лошите возачи“, туку целта е спречување на овој тип на загадување. Исто така, оваа технологија може да се искористи за откривање на оние кои ги „турираат“ агрегатите на своите мотоцикли и автомобили, со што ги кршат правните ограничувања, што пак го загрозува квалитетот на животот на граѓаните. Во соопштението, овој оддел мерките ги оправдува со истражувања кои покажуваат дека изложеноста на бучава може да има значително негативно влијание врз физичкото и менталното здравје на. Срцевите напади, дијабетес тип 2 и високиот крвен притисок се поврзани со долготрајно бучно опкружување.
Во моментов, ограничувањето на децибели се заснова на субјективен суд, но се очекува оваа технологија попрецизно да ја утврди повредата на законските ограничувања, земајќи ја предвид категоријата и брзината на возилото.
Дали ова треба да се проведе и кај нас?