Прочистувач на воздух кој може да се преместува низ градовите и барем малку полесно да дишат жителите?

Смогот е еден од најголемите проблеми за модерните градови. Комбинацијата на издувни гасови и пловечките честички создава смеса која е безбојна, но во голема мера го нарушува дишењето, особено на оние со респираторни проблеми.

Но, како да се реши овој проблем и да им се овозможи на жителите на големите градови да дишат колку што е можно почист воздух?

Холандскиот дизајнер Даан Русогард уште во 2015 година ја дизајнирал „Кулата без смог“ и преку кампања на Kickstarter го финансирал проектот. Кулата функционира како и секој прочистувач на воздух – го всисува загадениот воздух на врвот и го исфрла прочистениот воздух преку специјални отвори. Може да исчисти повеќе од 30.000 кубни метри воздух за еден час.

Интересно е што собраните честички можат да создаваат „драгоцености“ кои потоа може да се искористат за создавање на накит. Во секој „скапоцен камен“ што наликува на коцка со полнење, има околу 1.000 кубни метри воздух, или честички од 1000 кубни метри воздух.

По турнејата во Кина, Smog-Free Tower ќе биде инсталиран во Краков, а нејзиниот творец се надева дека ќе може да ги посети Лос Анџелес и Мексико Сити, градови познати по слабиот квалитет на воздухот.

Иако „Кулата без смог“ нема да го реши проблемот со загадениот воздух, тоа би можело барем накратко да го олесни дишењето на жителите на овие градови.