P900 изгледа како еволуција на патниот P72 и доаѓа со атмосферски V12 способен за повеќе од 900 КС.

De Tomaso Automobili го претстави P900, хиперавтомобил само за тркачка патека, кој ќе се произведе во ограничена серија од 18 примероци по цена од 3 милиони долари. P900 изгледа како еволуција на патниот P72 и доаѓа со атмосферски V12 способен за над 900 КС или V10 за оние кои сакаат автомобилот да биде испорачан што е можно поскоро.

Во однос на надворешниот дизајн, P900 го продолжува успешниот рецепт воведен од P72 во 2019 година. Тој дизајн е инспириран од тркачкиот автомобил De Tomaso P70 од 1965 година – хиперавтомобилот се базира на када од јаглеродни влакна, а каросеријата е направена од истиот материјал.

Додека некои делови потекнуваат од патничкиот хиперавтомобил, вклучувајќи ги предните светла поставени на калникот и стаклениот покрив, поголемиот дел од каросеријата е нов со уште поекстремни детали и аеро компоненти. Напред, сплитерот има поголеми перки, хаубата има нов довод, а предните браници се поизразени со интегрирани жабри.

Профилот е „поизвајан“ од порано, но задниот дел е тој што најмногу се променил во споредба со P72. Има масивно задно крило кое ја прегрнува опашката со LED диоди и технологија за активно зрачење, кое е поврзано со централна перка со новиот вентилиран капак на моторот.

Задните LED светла во стил на турбина се комбинирани со збир на позлатени кружни издувни цевки кои се наоѓаат над голем дифузор. 

За жал, сè уште нема фотографии од внатрешноста, но се претпоставува поспартанска атмосфера со тркачки школки и многу јаглерод.

Додека електричниот погон сигурно би произведувал повеќе моќ и вртежен момент, De Tomaso не сака тивки хиперавтомобили. Така, комапнијата го благословила P900 со атмосферски V12 изграден од германската инженерска фирма Capricorn. Од De Tomaso тврда дека нивниот V12 е најлесниот и најмалиот досега, со тежина од само 220 килограми.

Моторот со познат звук ќе врти до 12.300 вртежи во минута, ќе биде компатибилен со јаглеродно неутрално синтетичко гориво и се очекува да произведува дури 900 КС (662 kW). МОќноста ќе се пренесува на задната оска преку секвенцијален менувач Xtrac. Компанијата не ги откри бројките за перформансите, но објави сува тежина од 900 килограми, што укажува на односот тежина-моќ од килограм по коњ.

Развојот на V12 сè уште е во тек и ќе продолжи во 2024 година. Сепак, нетрпеливите купувачи кои сакаат да го добијат својот De Tomaso P900 што е можно поскоро имаат алтернативен избор на погонски агрегат во форма на V10 добиен од Benetton B197 F1 едносед од 1997 година. V10 најверојатно ќе биде помалку од V12, со оглед на неговите 750 КС во тркачка форма, но сепак ќе звучи неверојатно.

De Tomaso P900 ќе го има своето јавно деби во летото 2023 година, кога ќе се дознае повеќе за неговите спецификации, а ќе се види и телото бидејќи засега сме ограничени на висококвалитетни рендери. 

18 среќни сопственици на хиперавтомобилот вреден 3 милиони долари ќе имаат пристап до поддршка од инженерите на De Tomaso за да го подготват својот P900 за деновите на патека.