Производот е развиван повеќе од една година, за сега да го види светлото на денот

Двата ексклузивни производители, Bugatti и Jacob & Co, соработуваат повеќе од една година, а по лансирањето на првите два часовници,  Twin Turbo Furious и Epic X Chrono, редот е на неверојатниот Bugatti Chiron Tourbillon.

Повеќе од една година, најдобрите експерти го подготвувале овој рачен часовник, кој треба достојно да го претставува најмоќниот и најексклузивниот автомобил на светот.

Тука некаде доаѓа и неизбежниот W16 мотор. Верувале или не, во склоп на овој часовник доаѓа и овој мотор на Bugatti во минијатурно издание. Со притискање на копче на десната страна од куќиштето се активира неговата работа. Индикаторот за резервна моќност (60 часа) е поставен на 3 часот и стилски е усогласен со индикаторот за количина на гориво во резервоарот.

Механизмот се состои од 578 рачно составени делови, покажува часови и минути, а специјалност му е едноминутен tourbillon кафез под агол од 30 степени. Поврзан со четири амортизери за да се компензира ударите и ненадејни движења, донесува титаниумско куќиште инспирирано од линиите Chiron.

Специјалниот дизајн и цената од 280.000 американски долари гарантираат ексклузивност на овој часовник и надвор од автомобилскиот свет.