Современите дизел возила речиси и не испуштаат азотни оксиди
Независни тестови, спроведени неодамна, покажуваат дека најмодерните дизел возила испуштаат занемарливи количини на азотни оксиди, а некои од нив дури и не ги испуштаат во атмосферата во услови на возење на отворен пат
Со добри резултати особено се истакнуваат Mercedes, Opel и BMW, каде емисијата на NOx практично и не постои, и тоа во реални, дневни сообраќајни услови, покажуваат неодама спроведените тестови.
Германскиот ADAC подготвил студија базирана на услови RDE (вистински емисии во реални услови), и тоа со користење на голем број современи бензински и дизел автомобили, за да се оцени нивната еколошка подобност. На пријатно изненадување на сите, многу модели емитуваат драматично помалку азотни оксиди по километар од законски дозволените 168 mg/km, што е норма пропишана со протоколот Euro 6d Temp.
Mercedes-Benz C220d всушност покажал нулта емисија на азотни оксиди за време на тестовите на пат, додека BMW 520d Touring емитувал помалку од 1 милиграм на километар. Понатаму, Opel Astra со 1.6-литарски дизел во атмосферата испуштила само 1mg / km азотни оксиди. Посочен е и францускиот модел Citroen Berlingo BlueHDI 130 чии штетни испарувања на горе споменатото соединение се на ниво од само 7 mg/km. Во некои случаи, дизел верзиите испуштале дури и помалку азотни оксиди отколку бензинските еквиваленти.
Не е познато како тестираните дизел возила успеале да постигнат толку добри резултати, а овие наоди ги поддржуваат заклучоците што Bosch ги донесе во почетокот на 2018 година. Оваа компанија тогаш ја информираше јавноста дека е сосема можно, според денешниот технолошки развој, да се постигнат емисии на ова соединение на ниво од само 13 mg/km.
МОДЕЛ RDE NOX (MG / KM)
Audi A8 50 TDI (15 mg/km)
BMW 520d Steptronic (5 mg/km)
BMW 520d Touring (1 mg/km)
BMW X2 xDrive 20d (23 mg/km)
Citroen Berlingo BlueHDI 130 (7 mg/km)
Honda Civic 1.6 i-DTEC (101 mg/km)
Kia Ceed 1.6 CRDi (22 mg/km)
Mercedes A 180 d (40 mg/km)
Mercedes C 220 d (0 mg/km)
Opel Astra 1.6 D (1 mg/km)
Peugeot 308 SW BlueHDi 180 (30 mg/km)
Volvo XC60 D5 AWD (56 mg/km)
VW Golf 1.6 TDI SCR (14 mg/km)
Извор: ADAC