Совети за подолг животен века на гумите на вашиот автомобил
Возачите треба да се грижат за гумите пред се заради безбедност, но и за подобри перформанси и заштеда на пари
Гумите се единственото нешто што ги поврзува вашиот автомобил и патот. Ова е причината зошто е многу важно да го продолжите животот на вашите гуми и да ги подобрите нивните перформанси со правилно одржување.
Ова се неколку работи на кои возачите треба да обрнат внимание за да го продолжат животниот век на гумите.
Бидете сигурни дека притисокот во нив е секогаш на потребното ниво
Ова е една од најважните работи кога станува збор за одржување на автомобилските гуми. Недоволниот притисок во гумите го намалува дозволениот товар и го зголемува отпорот на гумите при вртење, што резултира со дополнително загревање на гумата и други механички проблеми. Од друга страна, премногу притисок во гумите може да предизвика иритирачки вибрации при возење, па веројатно ќе сакате да ги избегнете и двете ситуации.
Често проверувајте ја состојбата на гумите
Сè што треба да направите е да барате траги на оштетување, како што се пукнатини или испакнатини. Исто така, обрнете внимание на суспензијата на автомобилот и балансирање на тркалата, бидејќи дури и најмала деформација може да влијае на квалитетот на гумата.
Без прекумерно „шлајфување“ во место
Сите возачи сакаат добро „шлајфување“ скоро онолку колку што мразат кога се заглавени во снег или кал. Оставете ги вашите тркачки амбиции настрана и обидете се да се ослободите од неволја со кратки движења напред и назад.
Одржувајте ги гумите чисти
Дали сакате да се возите на валкан терен? Можеби да, но кога забавата ќе престане, исчистете ги гумите на автомобилот.
Ротирајте ги гумите
Ротирањето на гумите е исто толку важно како и промената на маслото. Предните гуми се задолжени за сопирање, управување и возење со автомобилот. Затоа и се повидливи знаците на оштетување отколку на задните гуми, на кои влијае само сопирањето.
Користете соодветни гуми за секоја сезона
Користењето летни гуми во текот на зимата и обратно, ќе го промени однесувањето на вашиот автомобил. Ако користите гуми што не се за тековната сезона, само им „помагате“ побрзо да пропаднат. Нивната гумена структура овозможува максимум од нив само доколку се користат во одредени временски услови и температури.