Соработка помеѓу лутите германски ривали за привлекување на млади возачи
Автомобилските компании Daimler и BMW планираат да ги здружат своите сервиси за изнајмување и делење на автомобил, пишува германското издание Frankfurter Allgemeine Zeitung
Двете компании веќе во февруари можеби ќе го обелоденат спојувањето на своите Car2Go и DriveNow услуги, објави агенцијата во издаденото соопштение.
Во Daimler, кој е сопственик на брендот Mercedes и BMW засега одбиваат да ги коментираат овие гласини.
Сервисот за изнајмување на автомобили е особено популарен кај младите возачи кои не сакаат или не се во можност да купат свое возило.
Сервисот Car2Go има 2,8 милиони корисници ширум светот и е активен во 26 земји во Европа, Северна Америка и Кина.