Moskvich е лансиран во 1947 година, но со текот на времето се покажал како неконкурентен и брендот е изгаснат во 1998 година

Русија тоа го најавуваше долго време, а сега конечно и го лансираше производството на заборавената марка на автомобили – Moskvich! Не станува збор за некој брз развој, туку Русите едноставно презеле кинески автомобил и сега го составуваат во поранешната фабрика на Renault во близина на Москва. Renault ја напушти Русија по агресијата на таа земја против Украина, а следеа и други западни санкции, кои го намалија рускиот индустриски потенцијал.

Moskvich е лансиран во 1947 година, но со текот на времето се покажал како неконкурентен и брендот е изгаснат во 1998 година. Фабриката тогаш ја купи Renault. Новиот Moskvich-3 е копија на кинескиот мал SUV JAC S4. Во Русија автомобилот ќе се произведува со бензински мотор од 150 КС. Електричната верзија, исто така, треба да излезе од производната лента до крајот на годината. Според агенцијата, на повторното отворање на фабриката во средата учествувале вицепремиерот Денис Мантуров и градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин. Руското Министерство за индустрија објави дека производството на Moskvich обезбедило околу 40.000 работни места во Русија. Од јануари до октомври, продажбата на нови автомобили во Русија е падната за 60 отсто на годишно ниво по заминувањето на западните производители. Колку Moskvich единици ќе се произведуваат месечно? Никој не знае…