Со дрифт оштетиле место под заштита на UNESCO / ВИДЕО
Локален огранок на Red Bull побараl дозвола да сними промотивно видео пред архитектонско чудо, киевската катедрала Света Софија, место кое е на листата за светско наследство под заштита на UNESCO
Се разбира, властите одбиле, бидејќи акцијата вклучувала дрифт на плоштадот пред катедралата н покриен со карактеристични жолти тули.
Целата област е под заштита на UNESCO, но од Red Bull не послушале и рано наутро снимиле видео, не обезбедувајќи ја областа, при што два Nissan автомобили неуморно дрифтаат и оставаат траги од гуми на површина која е од големо значење за Украинците.
Локалната хип-хоп ѕвезда Алиона Алиона исто така учествувала но на совозачкото место.
Автомобилите, управувани од Конор Шанахан и Олександр Гринчук, оставиле траги од гуми на повеќе од 2.000 квадратни метри традиционална киевска жолта тула. Градските власти велат:
„Замислете некој да дрифташе на плоштадот Свети Петар во Ватикан…“
Red Bull подоцна објави видео на кое се гледа како екипите се обидуваат да ги отстранат трагите од гумите, велејќи дека ќе биде подобро отколку што било, но безуспешно. Полицијата започнала истрага.