Се претпоставува дека руското производство на нафта годинава ќе падне за 17 отсто во однос на лани

Третиот по големина светски увозник на нафта, Индија, преговара за големи попусти на руската нафта која е подготвена да ја купи, барајќи цена од под 70 долари за барел за да ги компензира проблемите во логистиката, финансирањето и санкциите за купување сурова нафта, која сега е токсична за повеќето западни земји, пишува Bloomberg.

Од почетокот на руската војна во Украина, Индија, која традиционално бара најниски можни цени, го зголеми купувањето на руска сурова нафта. Пред војната, индиските рафинерии ретко купуваа нафта од Русија во толкав обем поради високите транспортни трошоци бидејќи нема директен нафтовод што ги поврзува двете земји.

Сега Индија, заедно со Кина, е еден од ретките купувачи кои сакаат да купат руска нафта и ја користат таа моќ во преговорите со Русија. Индија сака Русија да ја намали цената на нафтата под 70 долари за барел.

Доколку Индија и Русија се договорат за толку голем попуст (референтната нафта Брент на светскиот пазар моментално чини околу 110 долари за барел), државните рафинерии во Индија би можеле да увезат дури 15 милиони барели руска нафта во мај. Тоа е околу 10% од вкупниот увоз на нафта во Индија.

Иако Кина и Индија не бегаат од руската сурова нафта, логистиката за испорака на нафта од руските пристаништа на Црното Море и Балтикот до Азија и оскудната достапност на танкери, банкарски гаранции и осигурување за руски товар ќе го ограничат количеството нафта што може да го превземе Азија и да ги надополни изгубените барели веќе не одат во Европа, велат аналитичарите.

Инаку, се претпоставува дека руското производство на нафта годинава ќе падне за 17 отсто во однос на лани и досега никој не сака или неможе да ја надомести таа сума. Следните месеци ќе бидат многу предизвикувачки за целиот свет.