Славниот актер по разводот живее во „кампер“ од 700.000 долари / ФОТО+ВИДЕО
Повеќето жени воздивнуваат по Џејсон Момоа, а повеќето мажи сакаат да бидат Џејсон Момоа. Во меѓувреме, Џејсон Момоа не е повеќе заедно со сопругата и живее во кампер. За „среќа“, не во кој било, туку во Earthroamer
Актерот е уловен од папараци, а сликите покажуваат дека ова веројатно не е најдобриот момент во неговиот живот. Џејсон Момоа по 16 години се разведе од Лиза Бонет со која има две деца. Медиумите истакнуваат дека изгледа немарно, разбушавен, бидејќи живее во кампер, кој се наоѓа на имотот на неговиот пријател.
Сепак, внимание во овој случај не е насочено кон приватноста на Момоа, туку кон она што го поседува и во кое поминува многу време. Станува збор за американскиот Earthroamer кој прави „куќи на тркала“ за таканаречено „прелетување“, што значи дека со него може да се оди речиси секаде.
EarthRoamer XV-LTS и неговиот наследник XV-LTi се изградени на шасијата на моќниот пикап Ford F-550, иако би било посоодветно да се нарече мал камион. Серијата Ford Super Duty F може да има носивост до девет тони.
Earthroamer XV-LTS кој Џејсон Момоа го поседува од 2018 година е број 211 и чини околу 700.000 долари а можеби и повеќе, иако најдобро опремените единици вредат двојно повеќе. Актерот активно учествувал во процесот на неговото создавање. Под хаубата се наоѓа V8 турбодизел со 330 КС со капацитет од 6,7 l, кој дава доволен вртежен момент за возење со куќиштето, дури и на тежок терен.
Внатрешноста на Earthroamer XV-LTi е прилично пространа и луксузна, но најголемата предност на камперите е можноста за долг живот далеку од цивилизацијата. Резервоарот за гориво има капацитет од 360 l, а оној за чиста вода 380 l. Капацитетот на батеријата е 11 kWh, а струјата може да се надополни и со помош на соларните панели на покривот.
Секој модел на Earthroamer е сон на секој патник. Тие се далеку од типични кампери, се исто како што е и Џејсон Момоа – необична холивудска ѕвезда. Роден е на Хаваи, пораснал опкружен со сурфери и јадел леб со седум кори. Пред да стане актер, филмски продуцент и режисер, тој бил модел, но работел и како обичен продавач.
Момоа е ентузијаст кога станува збор за поминување време во пазувите на природата, сурфање, качување по карпи, возење мотор и други активности на отворено и разни авантури. Толку му се допаѓа неговиот кампер што со него има дојдено и на премиерата на Aquaman.