Škoda Vision X концепт во Женева
Концептот на Škoda за мал кросовер ќе биде изложен на салонот за автомобили во Женева
По Kodiaq и компактниот Karoq, Škoda се подготвува да лансира уште еден кросовер. Секако, прво ќе се најде во концепт-форма во Женева под името Vision X“, што јасно сигнализира за намерите на чешкиот бренд, кој сака да продава еквивалент на Seat Aronа и идниот VW T-Cross.
Наречен „урбан кросовер“, овој модел е демонстрација на еволуцијата на дизајнерскиот јазик на Škoda, кој содржи остри линии. Тука е и специјалната зелена боја FLexGreen. Се чини дека Škoda не се откажува од контроверзната поставка на предните фаровите, а што се однесува до рачките на вратите кои излегуваат надвор од телото, тешко дека ќе се најдат во серискиот модел.
Концептот се потпира на големи тркала од 20 инчи, покривот е во антрацит варијанта со прекрасен контрасен ефект. Vision X дефинитивно изгледа ветувачки, со интересен заден дел и „С“ светлосна тема која се состои од поединечни кластери. Се разбира, искуството покажува дека серискиот модел обично нема да биде ниту скоро толку атрактивен како концептот, што треба да се очекува и во овој случај.
Чесите ја задржуваат едноставноста во рамките на салонот, каде што на арматурната табла доминира широк екран на допир. Физичките контролни единиците се минимизирани, а тука е и комплетниот дигитален кластер за инструментализација, што е опционална опрема во Karoq.
За погонот нема многу информации, освен дека станува збор за хибридна поставка во концептот, што укажува на намерата на Škoda да ја електрифицира својата гама започнувајќи со лансирање на хибриден Superb и Kodiak до крајот на оваа деценија. Се подготвуваат и комплетно електрични модели, што е дел од стратегијата до 2025 на чешката компанија.