Скандалозно, но 50 проценти од возачите сметаат дека не треба повеќе да го држат воланот!
Институтот за осигурување на сообраќајот на патиштата во САД (IIHS) објави резултати од истражување кое навистина треба да бидат показател за загриженост во врска со безбедноста на патиштата.
Неверојатно, но дури секој втор возач чувствува дека во автомобил опремен со современи системи за активна безбедност веќе не мора да го држи воланот. Ова е доказ дека технологијата и здравиот разум обично не одат заедно. Имено, сите денешни системи за активна безбедност во автомобилите имаат исклучително функција да му помагаат на возачот, но возачот сепак е единствениот одговорен за управување со возилото.
Сепак, и од овие 50 % има уште полоши, па шест проценти од испитаниците рекле дека сметаат дека со сите современи системи, сосема е прифатливо да дремнете додека возите.
Експертите за безбедност на патиштата во неверување ги коментираат овие резултати и уште еднаш јавно посочуваат дека предмет на истражувањето не е употребата на самовозечки автомобили, туку само системите за активна безбедност како што се радарски темпомат, системи за ненамерно напуштање на сообраќајната лента, препознавање сообраќајните знаци, системи за автономно сопирање…
Заклучокот од ваквото истражување може да биде само дека возачите сеуште не ја разбираат функцијата на системите за активна безбедност или се едноставно неодговорни, па треба итно да се дообразуваат.