Сите Porsche модели ќе бидат чисти електрични, освен 911
Porsche не само што ја напушта дизел технологијата, туку речиси целосно се префрла на електричен погон
Како што е познато, брендот од Цуфенхаузен е првиот во Германија кој официјално се откажа од дизел погонот. Шефот на компанијата, Оливер Блуме, во име на тоа ќе рече:
„Во иднина веќе нема да има дизел Porsche“. Тука се моќните бензинци кои донесуваат емоции, хибридите, а од 2019 година, ќе се движиме кон чист електричен погон“.
Рака на срце, Porsche никогаш и немал свои дизел мотори, но со оглед на тоа што е дел од Volkswagen Group, логично беше и да позајми таков тип на технологија.
„Како и да е, имиџот на Porsche е нарушен, а кризата поврзана со дизелот ни донесе многу проблеми“, додава Блуме.
Porsche се врти кон иднината, а според најновите информации, моторите со внатрешно согорување ќе се задржат исклучиво во 911-та. Од 2022 до 2025 година, германскиот суперпремиум производител ќе обезбеди електрични варијанти на Boxster, Cayenne, Macan и Panamera. До 2027 година, ако не и порано, сите други возила на Porsche ќе бидат електрифицирани, што не значи хибридизација, туку чист електричен погон.
Со цел да се исполни оваа цел, како што известува германскиот Менаџер магазин, Porsche планира до 2025 година, 75 проценти од продажбата на бренд да се однесува на чисто електрични возила. Покрај промоцијата на идната технологија и влегување во комерцијална битка со Tesla и други производители, што е причината за заземањето на ваков курс?
Портпаролот на Porsche признава дека продажбата на дизел моделите опаѓа. Само 12 отсто од глобалната продажба на брендот во 2017 година се однесува на дизелите. Од февруари истата година, Porsche нема понудено нов дизел модел: „Поради промена на општите услови, решивме дека во иднина нема да нудиме автомобили со дизел мотори“.
Што размислува Porsche кога вели „Општи услови“?
Германската канцеларка Ангела Меркел и нејзината влада планираат да објават нова насока на делување кога се во прашање дизел возилата. Таа спомена средба со директорите на главните германски автомобилски производители на оваа тема, за што наскоро ќе се знаат повеќе детали.
На крајот, портпаролот на Porsche за Менаџер магазинот вели дека работи на ставање на хибридната и електричната технологија како приоритет со шест милијарди евра инвестиции.