Oдлуката е во врска со транспортните услуги

Шведскиот производител на мебел најави дека се движи кон планот EV100+, односно целиот нивен возен парк од средни и тешки возила да биде од доменот на нулта емисија на штетни гасови. Она што е кажано важи за пазарите во рамките на OECD, Кина и Индија, а како последен рок е дефинирана 2040 година.

IKEA е петтиот бренд кој се приклучува на оваа иницијатива. Пред неа, Unilever, JW Steel, Maersk и DPD го направија истото. Ова ќе го направи синџирот на снабдување речиси целосно ослободен од фосилни горива.

Ова е само една од иницијативите кои IKEA ги презема да стане климатска позитивна компанија до 2030 година. Колку е важен овој чекор доволно покажува фактот што компанијата има над два милиони испораки годишно во оваа област.

Компанијата неодамна започна со процес на опремување на своите локации со полначи за eлектрични возила. Така, на 25 локации во Америка ќе бидат инсталирани повеќе од 400 полначи.