Штраф или клинец во гумата! Што да се стори во тој случај?
Штраф или клинец во гума не значи секогаш дека со таа гума е готово
Во некои случаи, оштетената гума може да се поправи, а цената на таква услуга кај вулканизерите чини многу малку.
Што да направите ако остар предмет е заглавен во гумата на автомобилот?
Германскиот автомобилски клуб ADAc препорачува – не вадете го предметот, туку оставете го во гумата. На овој начин дупката останува затворена и избегнувате понатамошно оштетување при извлекување. Следниот чекор е што е можно побрзо да појдете на вулканизер и да видите дали гумата може да се спаси.
Ако има значително оштетување на внатрешноста на гумата, оштетување на страничниот ѕид на гумата и пукнатини или дупка на шарата, поголема од 5 mm, генерално не е можно поправка. Внимавајте кај брзите гуми со индекс на брзина од V (до 240 km/h), W (до 270 km/h) и Y (до 300 km/h). Тука ризикот од поправки е поголем.