Често, за време на автомобилските трки, возачите користат невообичаен потег за да го преместат тежиштето на возилото, истовремено стискајќи на педалата за гасот и сопирачката

Тие тоа го прават тоа во екстремно кратки секвенци, намалувајќи ги така штетните ефекти по компонентите на автомобилот.

Тимот на YouTube каналот Garage 54 истражувал што би се случило ако, во подолг временски период, педалите за гас и сопирање бидат притиснати истовремено.

Како експериментален примерок им послужил Mercedes и дискови за сопирање кои биле подготвени за замена.

Резултат: дисковите преживеале, но високата температура ги уништила роторите, ги искривила плочките и клештата, а автомобилот останал без течност за сопирачките.