![Што останува од Ford Focus кога ќе удри во бетонски блок со брзина од 193 km/h?! / ВИДЕО](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2022/03/maxresdefault-2.jpg)
Што останува од Ford Focus кога ќе удри во бетонски блок со брзина од 193 km/h?! / ВИДЕО
Филмот во кој се гледаат ефектите од ударот на Ford Focus, кој патува со 193 km/h, во бетонска бариера, е снимен пред неколку години за британско ТВ шоу, но сепак е актуелен
Илјадници постари модели на автомобили сè уште возат по нашите патишта, кои (иако нивните славни денови се зад нив) можат да забрзаат дури и до поголеми брзини. Ако на тоа се додадат и несреќните возачи кои „возат брзо, но безбедно“, рецептот за катастрофа е извесен.
Првата генерација на Ford Focus има добиено 4 ѕвезди на краш тестот на Euro NCAP за заштита на возрасни патници. Ова е добар резултат, но се однесува на тест кој се спроведува на строго дефиниран начин и со брзини кои се постигнуваат во градски услови. И иако ризикот од бетонска бариера на нашите патишта е занемарлив, покрај патиштата растат дрвја кои се уште поголема закана од широк ѕид.
Додека Ford Focus нема шанса против бетонски блок со толку голема брзина, многу други модели не го поминуваат тестот ни при многу побавно возење, што е потврдено и со краш тестови.