Електричните автомобили и plug-in хибридите имаат скромни удели во најсиромашните земји на Европската унија

Европската унија полека, но сигурно оди кон забрана на дизелите и бензинците, но клучното прашање е што ќе се вози? Ние сме сеуште далеку од Европската Унија, но тоа и не толку важно. Многу е поважно тоа што ниту стандардот не е толку висок како во Шведска или Холандија, на пример. Да се купи електричен автомобил по денешните цени би ги испразнило паричниците на многумина и секако би предизвикало широка насмевка на лицата на директорите на банките од кои би земале долгорочни заеми.

Големите разлики во продажбата на електрични автомобили и plug-in хибриди низ ЕУ ја следат и разликата во животниот стандард помеѓу земјите, покажува новата студија спроведена од ACEA (Здружение на производители на автомобили во Европа) (https://www.acea.auto/press-release/electric-cars-lower-income-countries-fall-behind-with-uptake-linked-to-gdp-per-capita/), кое го разгледува учеството на автомобилите со погон на струја во вкупната продажба на автомобили. 

Електричните автомобили и plug-in хибридите сочинуваат 10,5 проценти од сите нови автомобили продадени во ЕУ минатата година. Во исто време, нивниот удел бил помал од три проценти во 10 земји-членки.

Анализата на ACEA покажува дека постои директна врска помеѓу побарувачката за електрифицирани автомобили и бруто националниот производ (БДП) на земјата по глава на жител. Ова укажува дека цената е важен фактор. Значаен исклучок е само Португалија, каде уделот на пазарот на електрични автомобили и plug-in хибриди достигнал 13,6 проценти во 2020 година, и покрај фактот дека земјата е една од оние со релативно низок просечен приход. Во скоро сите други земји, автомобилите со батерии се генерално поскапи од сличните автомобили на бензин и дизел.

Земји со најголем број електрични и plug-in хибридни возила и БДП по глава на жител во 2020 година:

  1. Шведска – процент на електрични и plug-in хибридни возила 32,2%, БДП по глава на жител 45.610 евра
  2. Холандија – процент на електрични и plug-in хибридни возила 25%, БДП по глава на жител 45.790 евра
  3. Финска – процент на електрични и plug-in хибридни возила 18,1%, БДП по глава на жител 42.940 евра.
  4. Данска – процент на електрични и plug-in хибридни возила 16,4%, БДП по глава на жител 53.470 евра
  5. Германија – процент на електрични и plug-in хибридни возила 13,5%, БДП по глава на жител 40,.070 евра.

Земји со најмало учество на електрични и приклучни возила и БДП по глава на жител во 2020 година:

  1. Кипар – процент на електрични и plug-in хибридни возила 0,5%, БДП по глава на жител 23.580 евра
  2. Литванија – процент на електрични и plug-in хибридни возила 1,1%, БДП по глава на жител 17.460 евра
  3. Естонија – процент на електрични и plug-in хибридни возила 1,8%, БДП по глава на жител 20.440 евра
  4. Хрватска – процент на електрични и plug-in хибридни возила 1,9%, БДП по глава на жител 12.130 евра
  5. Полска – процент на електрични и plug-in хибридни возила 1,9%, БДП по глава на жител 13.600 евра

Процентот на електрични и plug-in хибридни возила во Македонија е занемарлив, па и не треба да сеспоменува.

Покрај тоа, земјите со најслаба побарувачка за вакви автомобили, имаат и многу малку полначници, секоја со само еден процентен удел во ЕУ.

Треба да се додаде дека Норвешка не била вклучена во студијата и дека е атипична на неколку начини како земја со најголем БДП и истовремено пристапни цени на електричните и plug-in хибридните автомобили благодарение на бројните даночни ослободувања.

Ако се сака електрична мобилност за сите, Европската унија и производителите на автомобили ги чека голема работа – да ги направи електричните автомобили подостапни … Засега, тие се претежно играчки за богатите.

Loading...

Onegai My Melody Episode 52

AnimeKisa Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

https://animefreak.ws anime sites

Animeflix - Watch your favorite anime online FREE.

Animeflixnl tumblr: https://animeflixnl.tumblr.com/

Experiment: https://experiment.com/users/animeflixnl