Чешкиот производител објави дизајнерски цртежи на концептот Vision RS, кој својата премиера ќе ја има претстојниот автомобилски саем во Париз

Заедно со веќе најавениот Kodiaq RS, кој исто така ќе биде презентиран на овој настан, Škoda подготвува и изненадување во форма на спортски хеџбек.

Vision RS треба да послужи како најава за производство на компактен hot-hatch кој во продажните салони треба да стигне за неколку години.

Должината на концептното возило е 4.356 mm, ширината е 1.810 mm, а висината е 1.431 mm. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.650 mm.

Хечбекот има 5 врати и спортски изглед кој дополнително е нагласен со спуштената суспензија и заден кровен спојлер.

Иако компактниот автомобил на Škoda е прикажан во спортско концептно издание, се очекува дека производствената верзија прво ќе се појави како „обичен“ хечбек, кој припаѓа на Golf класата.

Имено, Škoda во јули најави дека наследникот на сегашниот модел Rapid Spaceback, кој му припаѓа на B+ сегментот, ќе порасне и премине во сегментот C, во кој се наоѓа и Golf.

Во овој случај, Vision RS претставува концепт на идната најмоќна варијанта на новиот Rapid, која би имала карактеристики на Golf GTI.

Премиерата на Vision RS е закажана за автомобилскиот саем во Парис на почетокот на октомври, а првите официјални фотографии и технички детали може да се очекува и порано.