Ако се плашите од нови технологии и не сакате да го промените начинот на кој го користите автомобилот, за неколку години вашиот избор ќе биде многу намален. Ексцентричниот британски производител наскоро би можел да биде единствениот кој нуди такво решение

Во Caterham се толку иритирани од новите трендови предводени од технологијата за автономно возење што одлучиле да реагираат. Тие се обидуваат да го привлечат вниманието со промотивен видео клип, прв во речиси половина век долгата историја, а со кој велат НЕ на новите технолошки трендови.

Во центарот на вниманието е легендарниот Seven, а во него технологијата и струјата не одат подалеку од прекинувачите и опслужување на класичниот бензински погон. Тие цврсто се држат до идејата на Колин Чапман и сакаат да ги задржат надвор од своуте автомобили сите системи за асистенција.

Погледнете што се може Seven R, автомобил со нешто над 300 КС, доволно да биде извор на адреналинско задоволство и еден од најбрзите на патеката.