Сезона на дождови во Калифорнија: Дел од легендарниот пат Highway 1 заврши во океанот! / ВИДЕО
Highway 1 е чувствителен на временските услови, но се наоѓа и во сеизмички активна област
Постојат многу патишта во САД кои со годините го заслужиле статусот легендарни. Еден од нив е Highway 1 или Pacific Coast Highway, кој се протега по крајбрежјето на Калифорнија, по должината на Пацификот и нуди мелем за очи, поглед на океанскиот простор и импресивни карпи кои навлегуваат во него.
Но, неколкудневните обилни врнежи од дожд се причина за лизгање на земјиштето па дел од патот е буквално однесен поради што е блокиран сообраќајот. Поради колапсот на инфраструктурата, градот Биг Сур е делумно отсечен.
Highway 1 е чувствителен на временските услови, но се наоѓа и во сеизмички активна област. Голем дел од патот беше затворен скоро цела една година кога дел од планината Муд Крик се сруши на него во 2017 година.