Сена доби скулптура во седиштето на McLaren / ВИДЕО
Творбата на скулпторот Пол Оз своето место го нашла на „Булеварот“ во базата Вокинг
Во Техничкиот центар на McLaren во Вокинг веќе е поставена статуа на легендата Аиртон Сена, дело на Пол Оз, чија работа е целосно насочена кон Formula 1.
Скулптурата се наоѓа во фоајето или таканаречениот „Булевар“, како што McLaren ја нарекува оваа зона во базата на компанијата. Зградата на McLaren во Вокинг е изградена во времето на Рон Денис, е создадена од архитектот Норман Форстер, а самото фоаје е исклучително светло и пространо.
Првичната идеја била да се прикажат ретро автомобили, дела на современата уметност… , но се почесто во оваа зона може да се видат спомени од славната тркачка историја на McLaren.
Последното дополнување е со бронзената скулптура на Сена, која за првпат е прикажана на Саемот во Бирмингем оваа година.
Пол Оз вели дека тој се обидел да ги покаже движењата и енергијата на телото на Сена при поминување во свиокот „Црвена вода“ во Спа.
Аиртон Сена кој загина на 1-ви мај 1994 година, своите три светски титули и 35 победи ги има остварено со автомобили на McLaren во доцните 1980-ти и раните 1990-ти години.
An awesome delivery arrived at McLaren HQ today courtesy of artist, @PaulOz. His stunning Senna bronze statue will be making a guest appearance on the MTC boulevard. ? pic.twitter.com/d83ghlDBeE
— McLaren (@McLarenF1) February 4, 2019