Во 2018 година, една автомобилска боја го имаше монополот на пазарот за автомобили

Со години наназад, среброто веќе не е во мода. Апсолутен шампион во светот е белата боја, а неа ја избрале неверојатни 38% од купувачите, барем според извештајот на американскиот Axalte. Далеку зад белата боја, на второ место е црната со 18% удел, а дури на трето место е сребрената боја која како и сивата боја има удел од 12%.

Ако зборуваме само за Европа, и тука сеуште е најпопуларна белата боја со удел од 25%, пред сивата со 22% и црната со удел од 21%.

Какви се трендовите?

Најголем раст на популарноста имаат црната и сивата боја, па така, на пример, во  Кина црната има раст од 5%, а во остатокот од Азија 3%. Во исто време, сивата има раст од 3% во Африка и 2% во Европа.

Се поголем интерес има и за сината боја. На пример, во Европа, сината боја е единствената хроматска боја со забележлив удел и тоа од 10%. Бронзената исто така бележи раст, исто како и златната. Зелената е се уште под 1%.

Во Индија и Кина, најпопуларна е белата боја, но во овие земји одлично котираат и бои кои не се најдобри во остатокот од светот. Индијците сакаат сребрени автомобили (37%), а дури 3% избираат жолта / златна боја. Сината боја бележи раст во Јапонија, каде што се гледа како еколошка боја и има удел од 9%. Американците се повеќе избираат кафени и беж нијанси, исто како и Русите, каде кафената боја има удел од дури 9%.