Се враќа легендарната „четворка“: Renault го најавува Air4 / ВИДЕО
Премиерата на реинкарнираната четворка ќе се случи веќе овој месец
По повод премиерата закажана за 26 ноември, Renault веќе лансираше тизер видео. Не се гледа многу, па освен познатите контури зачинети со LED светла, се знае само дека концептот е развиен во соработка со тимот од The Arsenale.
Се очекува голема работа, ако не поради објавата во која велат дека на оваа четворка не и требаат патишта, тогаш поради фактот што Renault 4 го слави својот 60-ти роденден.
Без сомнение, првиот човек на Renault, Лука де Мео, се „пали“ на ретро стилот и историските модели. Renault 5 беше само почеток, додека Renault 4 ќе биде вистинската работа, барем така веруваат многумина. Оптимистите веруваат дека успехот што го направи Fiat со 500 може да се повтори.
Сигурно е дека најавното видео ја открива дизајнерската конзистентност со оригиналот, како и дека електричниот погон е завршена работа. Идејата е одлична, и ако концептот е цената што треба да се плати на патот до готов модел, нека биде така. Важно е Renault да не се откаже и навистина да ја одржи во живот идејата за враќање на легендарниот мал џин на патиштата.