Се воведува целосна забрана за паркирање на тротоар
На возачите во Велика Британија наскоро нема да им биде дозволено да ги паркираат своите возила на тротоар, дури и ако само делумно возилото се наоѓа на површина наменета за пешаците
Проблемот со паркирање на тротоарите не е присутен само во нашата земја. Британците, исто така, спорат за тоа дали и каде да дозволат автомобилите да се паркираат на тротоари.
Делумно паркирање на автомобилите на тротоарите е веќе забрането во Лондон, а процес со кој ќе се наметне оваа забрана веќе е започнат и во Шкотска. Сепак, непрофитабилната организација IAM RoadSmart, предупредува дека поради оваа одлука, илјадници возачи низ целата земја ќе останат без паркинг простор на улиците, пренесува Fleetworld.
Од друга страна, оние што заговараат забрана наведуваат дека паркирањето на тротоарите го отежнува слободното движење на лицата со оштетен вид, родителите со мали деца и лицата со проблеми со мобилноста.
IAM RoadSmart верува дека решавањето на проблемот со паркирање на тротоарите е најдобро да се остави на локалните власти, наместо носење на таква одлука на ниво на целата земја. Во тој случај, локалните власти би можеле парцијално да носат одлуки за забрана онаму каде што тоа е неопходно, односно да им дозволат на возачите делумно да паркираат на тротоарите онаму каде што инфраструктурата дозволува.
Во многу области во Велика Британија, возачите се принудени да паркираат на тротоарите пред нивните куќи, освен ако немаат приватен паркинг или гаражно место.