Се повеќе „пијани“ зад воланот: Секој втор возач не може да процени дали испил премногу!
Одлучувањето за тоа колку е безбедно да се пие пред возење е секогаш коцкање, но сега едно истражување покажува колку грешиме
Имено, истражувачите замолиле 90 луѓе да пијат пиво или вино и да кажат кога мислат дека ја надминале границата. Експериментот покажал дека дури 53 отсто од нив грешат кога проценуваат дали се сигурни за возење.
Авторите на студијата сугерираат дека охрабрувањето на луѓето да размислуваат повеќе за тоа колку пиеле, наместо како се чувствуваат, може да им помогне да ја проценат нивната способност да возат подобро. Др. Каи Хенсел, раководител на студијата на Универзитетот во Кембриџ и Универзитетот во Витен / Хардеке во Германија, за Harm Reduction Journal вели: „Овие наоди ја покажуваат важноста на внимателно размислување за седнување зад воланот“.
Британската полиција во пресрет на Божиќ се „бори“ против возење под дејство на алкохол и дрога. Минатата година биле фатени повеќе од 6.700 алкохолизирани возачи. Др. Хенсел додава:
„Во земјите со законски ограничувања на алкохолот, обично возачот е тој што проценува колку испил и колку е способен да вози. Но, како што покажавме, не сме секогаш добри во донесувањето на оваа одлука. Дури секоја втора личност во нашата студија потцени колку е пијана – и тоа може да има катастрофални последици“.
Податоците од Министерството за транспорт покажуваат дека бројот на загинати или тешко повредени во сообраќајни несреќи додека возат под дејство на алкохол на британските патишта достигнал осумгодишен максимум во 2019 година.
Таа година имало околу 2.050 жртви на сообраќајни незгоди во кои најмалку еден возач бил над лимитот за алкохол, што претставува зголемување од 8% во однос на претходната година и највисоко ниво од 2011 година. Истражувачите во Германија, исто така, забележале дека учесниците стануваат се полоши во проценката за нивото на алкохол во здивот, колку биле попијани.
Колку за споредба, во истиот период во Македонија, анализата за најчести фактори за сообраќајни незгоди покажува нагорен тренд, кога станува збор за возење под дејство на алкохол, со пик во 2018 година.