Honda e подготвена со новата генерација на Civic која многу наскоро и официјално ќе ја има својата премиера

Како потсетување, Јапонците уште во ноември 2020 година го покажаа прототипот Civic Sedan Prototype во Америка, додека новата слика е всушност серискиот модел.

Станува збор за 11-та генерација на Civic, за која Honda најавува дека ќе ги подигне границите во однос на стилот, перформансите, безбедноста и напредните технологии на пазарот на компактни возила.

Што се однесува до изгледот, во Honda одлучиле да го омекнат досегашниот дизајнерски правец, додека за ентериерот, според претходните најави, се планираат дигитални инструменти и 9.0-инчен екран на допир.

Се споменува и повисоко ниво на безбедност (со активната технологија на Honda Sensing), како и подобрена верзија на Advanced Compatibility Engineering (АСЕ) шасијата на Honda.

Според претходните најави, новиот Civic Sedan е долг 4.674 mm, широк 1.802 mm, висок 1.415 mm и има меѓуоскино растојание од 2.735 mm.

Бидејќи салонот во Шангај е пред нас, таму својата премиера ќе ја има кинеската верзија, која има бензински мотор 1.5T со 134 kW / 182 КС под хаубата (со најава дека просечната потрошувачка на гориво е 5,9 l / 100 km).

Покрај седанот и хечбекот, повторно ќе се нуди и спортскиот Civic Type R (се очекува во текот на 2022 година). Honda претходно потврди дека во гамата повеќе нема да има место за Civic Coupe, ниту за погонот на сите четири тркала.