САМО ЗА ИСКУСНИ ВОЗАЧИ! Како да се реши блокадата на оваа раскрсница? / ВИДЕО
Дали го знаете решението?!
Во време на најголемиот градски сообраќаен шпиц, гужвите достигнуваат врв, а раскрсниците лесно стануваат места на хаотичен сообраќај.
Сообраќајот, кој во шпицот се одвива со брзина на полжав, дополнително се забавува на раскрсниците. Парадоксално, но кога сообраќајот е регулиран од семафорите, сведоци сме на големи застои поради „блокада на раскрсниците“.
Сообраќајните прописи наведуваат дека возачот на кој со зелено светло му е дозволено да влезе во раскрсница, не смее со своето возило да ја блокира раскрсницата. Попрецизно, не смее да влегува во раскрсница ако процени дека поради густината на сообраќајот и колоната која се создава на излезот од раскрсницата, при промена на сигналот на семафорите, може да ја „затвори“ раскрсницата и да оневозможи нормален тек на сообраќајот на раскрсницата.
Нешто слично е анимацијата објавена од страна на германскиот автомобилски клуб ADAC: на возачите им се сугерира „влегување во раскрсницата“, само ако се сигурни дека може да ја напуштат само додека е запалено зеленото светло на семафорот.
Immer wieder nervig: Chaos an Kreuzungen ? Was ärgert euch am meisten? pic.twitter.com/qKZsY5l8iP
— ADAC (@ADAC) November 6, 2017