Вратите на автосалонот во Париз повторно ќе се отворат во 2022 година

Организаторите објавија дека следниот автосалон во Париз ќе се одржи од 17 до 23 октомври следната година! Конечно, неколку добри вести од областа на автомобилски настани

Салонот за автомобили во Минхен, кој ќе се одржи во септември оваа година, ќе биде увертира и почеток на новата сезона на вакви настани во Европа, но се чини дека епидемиската слика ќе го диктира темпото на развој на ваквите свечености.

Stellantis, новоформирана компанија која ги спои групациите PSA и FCA, веќе потврди дека ќе отсуствува во Минхен, но се очекува да блеснат во Париз, пред се затоа што повеќето од брендовите на оваа компанија се француски.

Голем број премиери се очекуваат за настанот во главниот град на Франција, пред се од домашните брендови како Peugeot, Renault, Citroen… но и сателитските брендови како на пример Dacia.

Добрата вест е и тоа што неодамна беше потврдено одржувањето и на Салонот за автомобили во Женева, исто така следната година. Организаторите на овој Салон за автомобили го преместија датумот од традиционалниот почеток на март на крајот од февруари, поточно, 19 до 27 февруари.