Во „East Gate Mall“, oд денес па се до 16 октомври, ќе се реализира првиот саем на електромобили под мотото „Возиме на струја“!

Сите љубители на автомобили и посетители на „East Gate Mall“ ќе може да ги видат изложените модели на електричен погон, како и хибриди, и да се зaпознаат со нивните предности за да се создаде подобра и поеколошка иднина.

Електромобилите од брендовите на Tesla, Alfa Romeo, Fiat, Porsche, Citroen, MG Motors, Toyota, Volkswagen, Opel Corsa, Seres и Yoyo ќе бидат изложени на разни места во центарот на приземјето.

Покрај електромобилите, ќе бидат изложени и други типови електрични возила и превозни средства: електрични машини за чистење од Green Machines, електрични велосипеди и електрични мопеди од All electrics, како и првото електрично „фиќо“ во земјата, иновација поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој и BB Classic.

За време на саемот посетителите ќе може да ги видат и полначите за електрични автомобили на Olympia Motors.

Саемот на електромобили е отворен за сите од 10 до 22 часот, паркингот е бесплатен, а имателите на автомобили ќе може да добијат попусти и специјални понуди од „Мотоцентар“, сервисот за миење автомобили „Мега“, продавницата за автоделови „Мега“  и од „Кар бокс автокозметика“.

Партнер на саемот е „Автоплус“, а целата манифестација е поддржана од покровителот „Шпаркасе лизинг“, партнерот НЛБ банка АД Скопје, а присутна е и Прокредит банка Македонија, кои ќе ги презентираат финансиските услуги за набавка на овој тип автомобили.