Рускиот Rolls-Roce пристигнува во март, арапите во ред за купување!
Министерот за индустрија и трговија во руската влада, Денис Мантуров, за месец март го најави првиот прототип на луксузниот Aurus SUV
Руската верзија на Rolls-Royce Cullinan ќе се вика Komendant, а се очекува голема побарувачка особено од клиентите од Блискиот Исток.
Со оглед на тоа што 36 отсто од акциите во Aurus се во сопственост на арапскиот холдинг Tavazun, постои голема можност рускиот SUV да се произведува во Обединетите Арапски Емирати.
Теренецот Aurus Komendant се базира на лимузинскиот Senat, кој дебитираше во август 2018 година.
Се очекува да има идентичен погон под хаубата, односно 4.4-литарски V8 бензински мотор спарен со автоматски менувач со девет степени на пренос и и скоро 600 КС со 880 Nm вртежен момент.
Во меѓувреме, Aurus Саемот за автомобили ќе ја има европската премиера на луксузниот седан Senat.